После топлата сончева есен доаѓа најавениот студ. Пожарникарите со апел до граѓаните да се исчистат оџаците за безбедност на домовите.
-Апелираат до граѓаните да бидат одговорни и да не ја забораваат обврската, бидејки најголемот број на пожари се предизвикани токму поради неисчистен оџак.
Пожарникарите посебно укажуваат на внимателно ракување и со другите грејни тела во текот на зимските месеци заради елиминирање на можностите за пожари по домовите и другите затворени објекти.
Пред неполн месец во струшко Ново село изгоре тригодишно девојче од пожар предизвикан од греалка. Девојчето било оставено на тепихот во близина на греалката. Од непознати причини се запалил тепихот а со него изгоре и сиротото дете.
За неисчистени оџаци законот предвидува високи казни. Ако оџакот не е исчистен казната за приватни лица се движи од 1000 до 2000 евра, а за фирмите од 2000 до 5000 евра. Освен граѓаните, законска обврска имаат сите јавни институции и служби, во текот на грејната сезона најмалку еднаш да ги исчистат своите оџаци и грејни тела. Ако ова не се почитува, ќе казнуваат инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување.