Во Охрид 40 новозаболени од корона во првите три денови од 2022

Бројот на новозаболени со ковид-19 во земјава од почетокот на годината е во  пад.

Во првите три дена се регистрирани вкупно 923 нови случаи, 1.328 лица оздравеа, додека 15 пациенти починаа. Во надолна линија се и активните случаи чиј број во моментот изнесува 4.817.

Според податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), на 1 јануари се регистрирани 435 новозаболени и 534 оздравени, на 2 јануари – 246 нови случаи и 547 оздравени и на 3 јануари – 242 нови случаи и 247 оздравени.

По градови, најголем број или повеќе од пола од нозаболените во изминатите три дена се евидентирани во Скопје – 532, потоа следи Битола со 58, Прилеп со 47 и Охрид со 40 новозаболени од ковид-19.

Околу 20 проценти од активните случаи на ковид-19 се регистрирани во последните три дена.

Над пола од активните случаи или 52 проценти отпаѓаат на главниот град Скопје – 2.548, потоа следат Битола – 349, Прилеп – 321, Охрид – 247, Кавадарци – 190 и Струмица со 146 активни случаи.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани