Во Охрид саем „Пчели и мед“

Пчеларското здружение Охрид деновиве организира саемска манифестација  „ Пчели и Мед“.   Од вчера попладне па се до утревечер туристите и охриѓани ќе може да  се запознаат со локалните производители на мед во Охрид и охридско.  На тезгите изложени се сите производи од мед.  На манифестацијата учествуваат 8 пчелари, регистрирани примарни производители.

-На оваа манифестација, локалните жители и туристите ќе можат да вкусат локални производи, исклучиво манифестацијата е локален характер, на неа излежуваат п челари од Охридскиот регион. По неколку години пауза пост-ковид периодот, оваа година се улучивме повторно да ја заживееме и се надеваме дека  таа традиција ќе продолжи и понатака, вели Наум Трпчески претседател на Здружението на пчелари Охрид.

Саемот е организиран од страна на Здружението на пчелари во соработка  со секторот за туризам

и локален економски развој при Општина Охрид.

 

34

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани