Во Охрид во два одвоени претреси пронајдена дрога, приведени две лица

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишиле од слобода 50-годишниот Р.С. и 46-годишниот С.Б., двајцата од Охрид. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дробилки со остатоци од марихуана, шприц исполнет со кафеава материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани