Претседавачот на Советот на Општина Охрид, Славица Петровска, ја свика втората седница на општинскиот Совет.
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/07), Претседавачот на Советот донесе решение со кое, во понеделник на 13-ти овој месец во 11 часот, ја свикува втората седница на Советот на Општина Охрид. Првата точка од закажаниот дневен ред е избор на Претседател на Советот на општина Охрид по што новите советници ќе расправаат по следниве точки: Предлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија, Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет, Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности, Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам, Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности, Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој, Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина, Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт, Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа, Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените, Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2017 година.
