Во Струга фатени тандем крадци

Двајца крадци што заедно краделе, се фатени во Струга и добиле кривична пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.Н.(32) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Т.Н. (29) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „помагање“. Пријавените со употреба на погоден предмет влегле во деловна просторија во Струга од каде одзеле музички систем и електрична опрема, додека во еден случај О.Н. насилно влегол во работилница во Струга и одзел алат. Одземените предмети, тој ги однел во помошен објект, сопственост на Т.Н. На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Social profiles