Албанскиот стана официјален јазик во Струга

Општина Струга изгласа: Албанскиот станува службен јазик во општината.

Албанскиот јазик и официјално покрај македонскиот ќе биде впишан како службен јазик во општина Струга, пишува press24. Тоа стои во новиот статут на општината кој денеска го изгласаа градските советници.Во членот 7 на овој највисок локален акт сега стои:
„Во оштината службен јазик е Македонскиот јазик и неговото кирилично писмо“, а во пасус понатаму се додава:„Во општината службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилично писмо е и јазикот и писмото кои ги користат најмалку 20% од жителите на општината, односно – албанскиот јазик и неговото писмо“.
Во досегашниот статут на општина Струга стар 15 години стоеше дека службен јазик во општина Струга е македонскиот и неговото кирилично писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од жителите на општинатa, но не и албанскиот јазик како посебен теремин.

Social profiles