Охрид член на мрежата ЦИВИНЕТ

Општина Охрид стана членка на меѓународната мрежа ЦИВИНЕТ Словенија-Хрватска-Југоисточна Европа.

Тоа е мрежа на градови и други субјекти кои на подрачјето на Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија се бави со одржливо планирање и управување на мобилноста (сообраќајот) во градовите. Целта на мрежата е пренос на знаења и добра практика и осмислување на заеднички проекти со кои ќе се финансираат идните активности за одржлив сообраќај и подобра мобилност.Претставници на Општина Охрид присуствуваа на 5-тото Собрание на мрежата кое се одржа во Крушевац на 23,02,2018 година. Покрај усвојувањето на Годишниот извештај за работата на Мрежата за 2017 година и Планот за работа за 2018 година, на трибината организирана во рамките на Собранието беше дискутирано за новостите и предизвиците при изработка на Стратегија за урбана мобилност. Еминентни стручњаци како Главниот градски архитект на Љубљана, експерти од Малме како и претставници на градот домаќин ги презентираа своите искуства при изработката на стратегиите за одржлива урбана мобилност. На трибината од страна на експерти од градовите Љубљана и Загреб беше презентиран и системот на јавни велосипеди кој систем покрај во овие, успешно се применува и во скоро сите поголеми градови.Целта на Општина Охрид е преку собирање искуства и соработка со мрежата да отпочне со изработка на Стратегија за одржлива урбана мобилност за периодот 2018-2030 година, проект што е од витално значење и ќе даде голем придонес во решавањето на сообраќајните проблеми , поквалитетна комуникација како и подобар живот на граѓаните на Охрид.

Social profiles