Експертите имаат интересен одговор на прашањето Зошто автомобилот во зима не треба да се загрева во место?
Температурите полека се спуштаат под нула па многумина возачи стануваат некоја минутка порано со цел да го загреат својот автомобил.Експертите истакнуваат дека станува збор за стара навика од времето кога автомобилите имаа мотори со карбуратори. Тогаш,пренесува sitel.com.mk, загревањето на моторите при ниска температура на воздухот пред придвижување имало смисла. Денес, сите понови модели имаат електронско вбризгување на гориво.Сензорите ја мерат надворешната температура и системот ја приспособува работата на моторот па се смета дека е доволно моторот да работи само 30-тина секунди пред тргнувањето. Потоа може да се започне со возењето бидејќи моторот побрзо ќе ја достигне работната температура доколку возилото е во движење, отколку кога моторот работи во лер, тврдат од американската Агенција за заштита на животната средина.Освен бучавата што ги вознемирува соседите, за животната средина се многу поопасни издувните гасови што ги испушта автомобилот при продолженото работење во место.