Аја е бебето чудо, родено под урнатините во Сирија

Аја е родена под урнатините на зграда во Јиндирес, Сирија. Нејзината мајка починала при породувањето, а во земјотресот загинале и нејзиниот татко и четирите браќа и сестри. Папочната врска ја пресекол сосед кој успеал да ја извлече од урнатините и да ја одведе во болница.

Аја, или „бебето чудо“ како што ја нарекоа, беше спасена откако се роди под урнатините на својот дом во градот контролиран од бунтовниците во северна Сирија, и сега е добро, вели нејзиниот доктор.

Името и го даде персоналот во болницата, затоа што Аја е единствениот преживеан член на семејството кое загина во разорниот земјотрес кој погоди делови од Турција и Сирија. Во земјотресот загинаа нејзината мајка, татко и четирите сестри и браќа, а беше уништена и нивната куќа на четири спрата.

Снимките од нејзиното извлекување, кое го изведоа соседите, станаа вирални ширум светот.

Повредена, но стабилна.

Видео на Дојче Веле

https://www.facebook.com/dw.macedonian/videos/1537147203443646/

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани