Фото+Видео: Отворена првата „AdriaPower“ филијала во земјава со седиште во Струга

Отворена првата „AdriaPower“ филијала во земјава со седиште во Струга. Станува збор за најдоверливиот  партнер во соларната индустрија во Европа со претставништва во Словенија, Хрватска, Германија и Шведска. Дистрибуција на високо реномирани брендови како Tigo, Fimer, TSC, ABB, SolPlanet, Renac, SoFar, Hypontech и Wavenetic.

AdriaPower e движечка сила за искористување на сончевата светлина. Компанија која развива иновативни енергетски решенија прилагодени на потребите на клиентите. Тие се сметатаат за двигател во процесот на еко обновливата  енергија за зелено и одржливо живеење.

Понудата им е богата:

  • Опрема за соларни централи; модули, оптимизатори, инвертери и друга придружна опрема
  • Електрани клуч на рака за комерцијални или поголеми земјоделски објекти
  • Станици за полнење ЕВ и комплети за полнење ЕВ за деловни субјекти
  • Обука на монтажни тимови на терен и во училница

AdriaPower во Струга е германско словенечка иинвестиција. На отворањето на филијалата присуствуваа бројни гости меѓу кои  и делагации на словенечката и германската амбасада во земјава.

-„Станува збор за нова технологија која доаѓа во Северна Македонија,ние како Словенија важиме за зелена држава и особено сме посветени на поддршка на зелената енергија.Верувам дека ова ќе се прошири и во сите делови на земјава и дека луѓето се повеќе ќе ја користат обновливата енергија“, истакна словенечкиот амабасадор во земјава Грегор Прескер.

-„Се надевам дека Северна Македонија како и сите други европски земји ќе се посвети на обновливата енергија. Да се користат природните ресурси кои ги имате, ние немаме толку сончеви денови во Германија како вас овде, па така оваа технологија е посебно важна за вашата земја“, истакна Ото Гроф заменик амбасадор на Р. Геранија во земјава.

Компанијата „Adria Power“  нуди прифатливи и конкурентни цени на големо и мало. Специјализирани за производите на Tigo, нуди и  непосредна поддршка, која може да ви заштеди време и ресурси, како и споделување знаења и препораки за имплементација на производите на Tigo заедно со инвертери од трета страна. Широк спектар на ресурси за складирање на батерии на комерцијално и индустриско ниво. Исто така, произведува сопствена линија на EV полначи, за станбени и комерцијални апликации – сите произведени во Словенија.

„AdriaPower“ нуди и знаење и препораки за имплементирање на производите на Tigо во комбинација со инвертери од трети страни. „Adria Power“ соработува исклучиво со врвни брендови.Компанијата гарантира сигурна испорака на сите производи.

-„Станува збор за понуда на широк спектар на производи од најновата технологија во светски рамки. Конечно, еве ја имаме и во нашата земја. Нудиме широк асортиман на производи за секој дом, семејство, бизнис, хотелско-угостителски капацитети, фабрики, компании. Буквално секој може да го пронајде она што е најадекватно за нивните потреби. На крајот на денот обновливите извори на енергија се иднината“, вели Ардијана   Д.  директор на „AdriaPower“ Струга.

-Од 2016 година постои компанијата „Техно Дом“ во Струга, на пазарот се докажавме како угледна компанија. Инсталираме греење, ладење и водоводна инсталација. Нашата цел е купувачите да добијат квалитет и економичност. Со новата инвестиција ќе ја збогатиме понудата со фотоволтаични системи и манели од врвни брендови“, вели Нермин Регоски директор на „Техно Дом“ Струга.

Седиштето на новата, прва  филијала „AdriaPower“  во земјава се наоѓа на  улица  „Глобочичка“ бр. 21 во Струга, во седиштето на фирмата „Техно Дом“ .

ФОТОГАЛЕРИЈА:

Видео од свеченото отворање на филијата во Струга

 

 

Social profiles