Во Струга нападнат новинар од Албанија

Вчера во 19.30 часот во полициската станица Струга, А.Б.(29) од Поградец, Албанија пријавил физички напад од страна на И.Љ. и уште неколку непознати лица.

Според полицијата А.Б. по претходна покана како новинар присуствувал во хотел во Струга на дебата организирана од страна на политичка партија, но во текот на дебатата бил физички нападнат. Лекарска помош му била пружена во Здравствениот дом во Струга.

И.Љ. е повикан во полициска станица, со него е извршен разговор и ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полицијата работи на идентификација на останатите учесници во нападот, пишува МКД.мк.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани