Времен сообраќај и градежни работи на патиштата во регионов

Поради изведување на градежни работи и времена измена на режим на сообраќај на патиштата во регионов, АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид ( Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.На магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин Ќафасан започнува измената на возниот режим за сообраќај на 08.12.2017 од 14ч. а ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.
„Илинден“ АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потег, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од среда 20.09.2017 се воведува времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.ГД Гранит од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар – Кичево (делница Гостивар до с.Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз).На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, наместа влажни коловози се бележат на повисоките, осојничави места.Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани