Втор Новогодишен базар во Виа Игнација Вевчани.
На 14 и 15 декември 2024 година, во дворот на ресторанот „Виа Игнација“, во Вевчани, ќе се одржи „Новогодишниот базар- Виа Игнација 2024“.
Програмата започнува на 14ти(сабота) во 12ч со активности за најмладите како работилници за изработка на новогодишни украси, сликање со Дедо Мраз, дружење со Мики маус, Пинк Пантер и др., како и штандови со чоколадо, лижавчиња, бомбони. Програмата ќе продолжи во 21ч со настап на Охриската група “Билјана”.
Во недела на(15.12) детската програма ќе започне од 12ч со детската театарска претстава Зимска приказна, ја играат Софија Ристевска Петрушева и Сандра Грибовска Илиевска од Интимен театар Битола, а продолжуваме со настап на детските групи при балетското студио Бах од Струга и ДЈ Џејбитс.
Повторно за публиката ќе бидат изложени и ракотворби од локални производители на предмети и накит и тоа, Билјана Брило со накитот со суташ техника, Марија Маринова Поп Маркова со накит од бакар и месинг, Филип Малезан со накит од сребро и филигран, Ивана со накит од волна, како и познатите производители на кремови Пеце-Леска, Трек ми џемчињата од цитруси и Весна со најубавото лепче од кисело тесто.
Вкусете ја најубавата храна и топли напитоци во дворот на Виа Игнација во најмагичниот период од годината. Бидете и вие дел од оваа уникатна зимска приказна.
