Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег.
Снег провејува на патните правци Берово – Смојмирово, Тетово – граничен премин Јажинце, Попова Шапка и на Буково, но не се задржува на коловозот.
На планинскиот премин Стража има забрана за движење на тешки товарни возила.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
