Забрана за користење на водата за пиење во Елшани и Велестово

Водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово не смее да се користи за пиење. По анализите извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Охрид, донесено е решение за забрана на употребата на водата за пиење, откако лабораториските испитувања покажале присуство на бактериите Escherichia coli (E. coli) и колиформни бактерии.

Со решението, месните заедници во Елшани и Велестово се задолжени на видливи места да постават предупредувања со натпис „Водата не е за пиење“, сѐ додека не се создадат услови за нејзина безбедна употреба.

Надлежните апелираат жителите да не ја користат водата за пиење и подготовка на храна до добивање нови резултати кои ќе потврдат дека таа е микробиолошки исправна.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани