Засадени нови Чинари, зелена офанзива против загадувањето

Со садење на сто садници Чинар, иницијативата Збогум Буково викендов започна зелена офанзива против аерозагадувањето. Наместо да се подарува цвеќе, симболично да се засади дрво за Денот на жената. Со денешната еко акција се раззелени  каналот Студенчишта вдолж пешачката патека, ќе продолжи засадување нови задници за збогатување на зелената инфраструктура во градот.

-Нашите планови се постојано да реагираме до надлежните, да се бориме за она што е почната иницијативата за решавање на неколкудеценискиот проблем со депонијата во Охрид и формирање на регионална депонија во Новаци. Меѓутоа во меѓувреме преземање мерки и правење зелена инфраструктура, засафдување Чинари и други видови дрва раззеленување секаде каде што нема бидејки градот се гуши во загаден воздух, вели Ѓоко Зороски, еколог од Збогум Буково.

Садењето Чанар во населени места го намалува влијанието на климатските промени но и загадениот воздух.

– Знаеме дека со урбанизацијата и со сечењето на дрвајата кое е пракса сегде во земјава неконтролирано и плански мнопгу п0д нашите дрвореди се уништени.0200 Идејата е да се зголемат зелените површини и да почнеме да размислуваме за тоа што значат урбаните шуми во борбата против аерозагадувањето, вели Драгана Карашова екологист.

Свое дрво си засадија голем број охриѓанки, но и туристки од земјава и странство, а во чест на своите жени и мајки садеа и момчиња и мажи.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани