Првото снеже заснежи во охридско Куратица. Фотографијата е од утрово а на неа се гледа минимална снежна покривка која го разубави селото.


Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места од снег.Од утре следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст. Дневните температури во наредните три дена ќе се движат во интервал од 6 до 17 Целзиусови степени.
