Групацијата Збогум Буково, денес преку граѓански собир, повика на итно затворање на дивата депонија , која го труе целиот регион. Се бара воведување на секундарна селекција на отпадот за да се намали спалувањето и канцерогениот чад. Ги повикаа надлежните што поскоро да започне изградбата на регионалната депонија во Новаци.
Според нивните проценки депонијата е еден од најголемите загадувачи, а во Охрид стотина граѓани годишно го губат животот токму поради загадувањето на воздухот.
– Здравјето на граѓаните не може да чека сведоци сме дека отровните чадови секојдневно стигнуваат и до градот и на ресенска страна. Мернит станици регистрираат огромни загадувања од ПМ 10 честички секојдненво особено во вечерните часови-, вели Ѓоко Зороски еколог.
Депонијата во Буково е на листата 25 приоритетни нестандардни депонии за затворање во земјава. Како високоризична требаше да биде затворена најдоцна до 2020 година.
-Проблемот требаше да биде решен вчера имаше рокови рокови поставуваа институции како Унеско како европската унија, која работи на ова поле но сите рокови се пробиени и суловите не се исполнети, вели Лилјана Илиеска активист од Збогум Буково.
– Воздухот не бира ни политика ни спорт, ни д која нација и припадност сме верска или било каква затоа сме тука и бараме доброволно да пристапат сите кон иницијативата, вели Димитри Димитров активист од Збогум Буково.
Првиот човек на Охрид вели трајно решение ќе има за неколку години со отворање на регионалната депонија во Новаци, но најави времено решение обзбедување на депонијата, видео надзор, оградување и нејзино покривање со 4000 кубици земја.
Новинар Соња Рилковска