Општината Струга и Општинската организација на Сојузот на борците со низа свечености го одбележаа празникот 8-ми Ноември и 80 години од ослободувањето на градот во Втората светска војна. Во чест на празникот Советот на општина Струга одржа свечена седница по овиј значаен повод и Прв на свеченоста се обрати градоначалникот Рамиз Мерко.
Со полагање цвеќе пред Споменикот на Револуцијата на плоштадот во Струга и на бистите на кејот на реката Црн Дрим, делегации кои положија цвеќе пред спомен-обележјата на паднатите борци од НОБ и го одбележаа 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.
Претседателот на Боречката организација од Струга, Ајредин Мемети, кој беше организатор за ова 80 годишно јубилејно одбележување прв положи свежо цвеќе и им оддаде почит со едно минутно молчење на сите учесници во НОБ кои се бореа против фашистичкиот окупатор. Голем број на млади животи згаснаа во борбата за ослободување на градот Струга што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатрор на 8-ми Ноември 1944 година. Благодарение на нивното херојство 80 години подоцна Струга е слободен град -светска туристичка, културна и книжевна престолнина на македонскиот народ.
Тој истовремено честитајќи им го на своите сограѓани, Денот на ослободувањето, истакна дека оставаме аманет на следните генерации да го чуваат, да го почитуваат овој голем ден за градот Струга, зошто е во чест на сите кои ги положија животите за слободата на Струга.
На борците од Втората светска војна, кои ги дадоа своите животи за слободна, самостојна Македонија, кои се изборија за слободен град, се поклонуваме, и им одаваме почит за нивното херојство, нивната жртва, за тоа што го дадоа за својот град. Им благодариме за идеите, за потребата да си свој на своето. Ветуваме дека, како генерација ќе се грижиме со почит кон нив, да не бидат заборавени, – заврши Мемети.
Свежи цвеќиња положија делегации на локалната самоуправа, делегација на ЗП Струга, на АРМ, политички партии, здруженија на граѓани, подржувачите и почитувачите на делото на на Јосип Броз Тито, Активот на жени, ученици од основните училишта од градот и др. Свеченост имаше и во Основното училиште „Јосип Броз Тито“.
ТЕКСТ И ФОТО: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
