Неделата на срцево-садови заболувања, со предавања ќе се одбележи во Охрид.
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 фебруари), Црвен крст Охрид организира низа активности насочени кон превенција и заштита од срцево-садовите заболувања. На 26.02.2018 г. (понеделник) со почеток во 18.00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, Д-р Марија Зимбова, специјалист интернист, ќе одржи предавање на тема Здраво срце – Ваша цел. После тоа, тимовите за прва помош и парамедиците на Црвен крст Охрид ќе даваат практични совети и техники за помош и самопомош при срцев напад, а заинтересираните ќе можат да добијат бесплатни здравствено-превентивни прегледи прегледи-мерење на крвен притисок и ЕКГ. Воедно младите на Црвен крст Охрид минатата година изработија едукативно видео по повод Неделата на борба против срцевосадови заболувања кое е сликовито и многу корисно.
Линк до видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=VqH8Yt_Jufk