Земјотрес со магнитуда 3,9 утрово го потресе Охридско-струшкиот регион

Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утрово во југозападниот дел од земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил регистриран во 5:40 часот, а епицентарот потекнувал од епицентралното подрачје Охрид–Струга, на околу 135 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани