Жител на Лакочереј возел со 2,17 промили алкохол.
На 08.08.2025 во 01.50 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.Т.(50) од охридското село Горно Лакочереј. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид запреле патничко возило „ланчија“, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управува под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта. Г.Т. беше исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во билтенот на СВР Охрид.
