30 годишниот Алекса Петровиќ од Јагодина – Србија, по втор пат со својата инвалидска количка учествува на охридскиот маратон „Охрид ТрчаТ“.

Неговиот со-тркач Марко Гајиќ, цели 20 км со трчње исто како лани, ќе ја турка количката, рамо до рамо со маратонците и спортистите. Годинава очекуваат да постигнат рекордно време, а патеката да ја истрчаат за помалку од два часа.
Алекса има церебрална парализа и е во инвалидска количка, а тој и неговиот пријател Марко, веќе шест години учествуваат на различни трки низ Балканот.
Оваа година си поставија повисока цел со уште еден неверојатен подвиг. Тие ќе учествуваат и на Охридскиот Акватлон во август, и ќе се обидат да направат нешто што никој не го направил досега на нашите простори.
Планираат Марко да исплива 500 метри и да го влече Алекса во чамец, а потоа да трчаат 3 километри, па така да целата трка. Оваа година е особено важна за нив бидејќи ќе бидат во Атина за да го досигнат времето за Бостонскиот маратон следната година.

Не се плашат од висините и калдрмата во Стариот град, бидејќи досега истрчале многу маратони, освоиле медали и се први во Европа кој учествувале на планинска трка.
ВИДЕО:
Алекса и Марко и лани беа дел од Охрид Трчат.

ВИДЕО: