Заменик министерката Манолева во посета на охридската болница

Заменик Министерката за Здравство, д-р Маја Манолева викендов  беше во работна посета на Општа Болница Охрид.

По две години е одблокирана сметката на Општата болница во Охрид што е резултат на домаќинското работење и финансиската поддршка од Фондот за здравство и Министерство за здравство.
Во изминатите 8 месеци во болницата се вработени 32 лица од кои најголемиот број се медицински кадар, меѓу кои се 10 лекари, што треба да придонесе за зголемување на квалитетот на услугите.
После подолг временски период од Општа болница Охрид се испратија 9 нови доктори на специјализација. Со ова почнуваме да правиме планско пополнување на одделенијата со дефицитарни специјалисти доктори, како што е педијатрија, анестезиологија, инфектологија и ќе продолжиме со праќање на нови доктори на специјализација“, истакна Шајн.

Можно е да е слика од 4 луѓе, болница и соба за вести
Долгот е намален за околу 1 милион евра и ќе се потрудиме во периодот што претстои да се сервисира и останатиот дел.
Во рамки на денешната работна посета на оваа установа, заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, разговараше со раководството за набавка на нова медицинска опрема,подобрување на здравствената услуга и квалитет, за надополнување на медицински кадар со нови вработувања и праќања нови 10 доктори на специјализација до крајот на годината.

При посетата, вчера се одржа и  работна средба во Центарот за јавно здравје во Охрид, каде што заменик-министерката за здравство, д-р Маја Манолева, имаше можност да се запознае со тековните активности и предизвици со кои се соочува Центарот. Исто така, беше разгледана можноста за подобрување на квалитетот на услугите.
На средбата се истакна значењето на превентивата во здравствениот систем и потребата од поинтензивна и успешна комуникација со Министерството за здравство, во цел да се надградат човечките и материјалните капацитети на Центрите и да се постигне поголема видливост и ефикасност во превенцијата на заболувањата и промовирање на здравите животни навики.

Можно е да е слика од 2 луѓе и миризба
При обиколка на просториите на Центарот, вклучувајќи ги и лабораториите за микробиологија и санитарна хемија, д-р Манолева изрази пофалби за уреденоста и опременоста и изрази увереност дека Министерството за здравство ќе ги препознае и цени напорите и посветеноста на здравствените работници и соработници во грижата за здравјето на пациентите и целокупното население.
На средбата присуствуваа и директорот на Општа болница во Охрид, д-р Асен Шајн, и претседателот на Управниот одбор на Општа болница Охрид, д-р Тони Чифлигароски.

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе студираат и шах

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани