Се искарале за паркинг место.
На 25.05.2023 година во 15:30 часот, во СВР Охрид приведени се В.Б.(39) од Охрид и М.А.(73) од Белчишта, општина Дебарца. Тие, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување поради недоразбирање околу паркинг место а потоа не ги почитувале наредбите од полициските службеници. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
