Најмладите го украсија со велигденски украси паркот во Охрид.
-Заедно со нашите најмали и најмили сограѓани пред Велигден го украсивме градскиот парк.Со едукативна и симболична акција , пред големиот христијански празник Велигден, со дечињата од градинките и основните училишта, ги украсивме дрвјата и украсните садници во градскиот парк
Нема поголемо задоволство од среќна детска насмевка и успешна соработка со нашите идни генерации, пишуваат од ЈП Охридски Комуналец.



