Милионската публика во Англија, преку утринската емисија „This morning“ денес се запознаа и со убавината и вредноста на далеку прочуениот Охридски бисер.
Михајло Филев, третата генерација од семејството Филеви кои изработуваат оригинални охридски бисери на новинарите од Британија им презентираа дел од вековната тајна.

Со насмевки, задоволство и симболични подароци медиумската екипа од Англија беше фасцинирана од начинот за изработка на охридските бисери.

