Видео: Прекрасен Осмомартовски концерт на фестивалот Охридско лето

Со прекрасен празничен конецрт фестивалот Охридско лето синоќа во катедралната Света Софија го одбележа Меѓународниот ден на жената. Публиката уживаше во настапот на  популарното Трио „Џентлмен“,  музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко- сценска атракција.

Директорката Наташа Поповиќ  во своето обраќање го честита Осми март со неколку анегдоти посветени на жената од легендарниот Амадеус Моцарт.

„Неговиот учител Леополд ќе го праша: Да не постоеше жената што ќе правеше ти? На тоа Моцарт ќе одговори: Да не постоеше жената немаше да постиш ниту ти, ниту јас. Неговата мајка ќе го праша: Твојата најголема инспирација е жената дали би имал друга инспирација? На тоа Моцарт одговорил: Моја друга инспирација нема, да не беше жената одамна ќе престанев да компонирам и да творам. Моцарт беше најголемиот поборник за правата на жените“, истакна Поповиќ во поздравниот говор на концертот посветен на жената.

На синоќешниот репертоар освен класичните композиции се најдоа и најголемите светски поп хитови, наполитански канцони, шпански песни и секако македонското творештво. Трио џентлемн се различни  по тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи. Публиката ги награди со громогласни аплаузи.

Со концерти надвор од 40 дневниот репертоар „Охридско лето“ има за  цел да го афирмира фестивалот и да  ја заживее врвната култура преку целата година.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани