Вирозите, грипот и настинките ги преполнија одделите за педијатрија. На детското одделение во струшката болница дневно има од 50 до 80 прегледи, а во викенди и над стотина. На одделението има пет педијатри, но таму се лекуваат децата од целиот регион. Проблемот е продлабочен од пред две години откако во охридската болница поради недостиг на специјалисти се затвори детското одделение.
Болните деца на кои им е потребна хоспитализација се сместуваат во струшката болница. Лекарите велат се препоптоварени од работа.
– „Посебно со отворање на градинките и почнувањет на школската година бројот на пациенти доста се зголеми. Слободно можам да речам дека во текот на денот се движиме од 50 до 80 пациенти, а во викенди и до 100. Пет педијатри сме покриваме два оддели детското одделение и неонатолошкиот оддел. Состојбата е иста гравитираат од Охрид, Ресен Дебар за хоспитализација тоа се се сведува на нашето одделение.“-, вели д-р Влатко Мицкоски д-р педијатар
Во детската амбуланта во охридската болница има само тројца специјалисти, и таму има наплив на пациенти. Но за викенди и ноќна смена, болните деца од Охрид патуваат во Струга. Граѓаните бараат надлежните да изнајдат решение.
-Патуваат точно така. Не само јас, секој вели треба да се среди тој проблем медицината ни е на нула.
-Би требало да се среди, за мала работа одат во Струга. Толкав град да нема педијатри.
-Два пати беше син ми настинат имаше тука лекар, До кај 2-3 мислам дека е после тоа мислам дека нема.
-Сигурно дека треба, само за жал времињата се сменаа многу и во цело здравство ни еа никаде не е само во охрид. И многу жалам за сево ова што ни се случува, велат граѓаните.
Од министерство за здравство повеќе пати ветија решавање на проблемот, беа најавени двајца педијатри кои требаше да дојдат да работат во охридската болница, но тоа не се случи.
За надминување на проблемот во охридската болница треба да има минимум четворица специјалисти педијатри за повторно да биде отворено детското одделение. Во моментов има пет специјализанти, со нив Детското одделение ќе може нормално да функционира дури за 7-8 години.
Новинар Соња Рилковска