Почесниот Конзулат на Република Србија со седиште во Охрид и општествено одговорниот сограѓанин почесен конзул на Р.Србија и изработувач на Охридски Бисер Филеви Т.М.1928 Михајло Филев донираа вредна донација на ЈОУДГ ˶Јасна Ристеска̋- Охрид.
Обезбедени се 15 интерактивни или сензорни табли и дидактички материјали за децата со посебни потреби и говорни нарушувања кои ја посетуваат нашата градинка. 14 интерактивниитабли ќе бидат поставени во холовите на градинката и во објектите во просторни услови,за пристап да имаат сите дечињата, а најголеми придобивки имаат децата со посебни потреби.
Интерактивните,сензорните табли во најразлична форма служат за најразлични активности и тоа за развивање на фината моторика,визуелната и тактилната перцепција,координација око-рака, развивање на когнитивните способности кај децата.
ЈОУДГ ˶Јасна Ристеска̋ -Охрид е инклузивна градинка која вложува и се грижи за сите дечиња кои секојдневно ја посетуваат истатa.