Студенти, професори и учесници дел од Вториот Охридски конгрес на правото 2023.
Темата на конгресот е: Зборуваме за правото од различни области, а организатор е Факултетското студентско собрание и студентите на Правен факултет ,,Јустинијан Први” при УКИМ.
Живееме во време кога словото на законите и владеењето на правото ние се повеќе од потребни, како нам во Македонија, така и во пошироката меѓународна заедница, рече во своето обраќање заменик градоначалникот Перчо Божиноски.
-Сведоци сме на голем број промени, кои многу лесно ги прекршуваат или изменуваат правните норми и наместо подобрување носат влошување на состојбата на поединецот или поширока општествена група.
Зато ми се чини дека пред правната наука е исправен императивот, како никогаш досега да понуди решенија кои нашиот свет ќе го направат посигурен и поправедлив за секој човек. Верувам дека темите кои ќе ги обработувате овие денови на работните сесии, со знаењето и искуството на почитуваните професори и енергијата и желбата за стекнување нови знаења од страна на студентите има да резултираат со успешен конгрес усвојување нови хоризонти во правната наука, додаде Божиноски.