Затруени седум лица од хлор во затворен базен во хотел на брегот на Охридското езеро.
Настанот се вклучил синоќа, околу 20 ч кога и било охридската полиција било пријавено дека се затруени седум лива меѓу кои две малолетни деца.
Затруените, кои се хоспитализирани во охридската и струшката болница, се на возраст од 19 до 45 годјини, петмина се од Скопје, а две лица од Охрид.
Хоспитализираните се во добра здравствена состојба надвор од животна опасност.
Првичните претпоставки се дека во водата во базенот има поголеми количини хлор од дозволените, но тоља ќе го покажае истрагата.
-„За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според лекарите симптомите при труење од хлор може да бидат замагленост, црвенило и печење по телото, стегање во градите а некогаш дури и смрт.
-„ Има и две деца во одделот на педијатрија кои беа во одделот во Охрид а потоа донесени на педијатрија Струга и дадена им е соодветна терапија . направени се анализи подобрена им е состојбата“, изјави Арменд Арслани директор на струшката болница.
Ова е прв случај на труење од хлор во хотелски базен на брегот на Охридското езеро. Точните причини за немилиот настан ќе ги покаже истрагата.
Новинар Соња Рилквоска