Двајца охриѓани нападнале две лица на „Железничка“.
На 12.11.2023 година во 16.35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода П.Б.(23) од Охрид. Тој се сомничи дека заедно со претходно приведените А.Т и К.С., двајцата од Охрид, во 02 часот на паркинг простор пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ги нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.