Две лица од Охрид истепале 24 годишник во угостителски објект.
На 05.08.2022 година во 02.10 часот во близина на угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.И. и А.И. врз А.М.(24), сите од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на СВР Охрид.