Екипите на ЈП ” Охридски Комуналец” со голем број активности за одржување на јавната чистота.
-„Поставени канти за отпадоци на плажите кои не се под концесија потег Горица 3-Пештани.
Покрај секојдневното машинско миење на коловозите кое се одвива во вечерните часови, се спроведе и темелно миење со црево каде има пристап, по тротоари, скејт-паркот и џебовите каде се поставени контејнерите за депонирање отпад. Етапно се расчистува просторот околу коловозот на патниот правец Охрид-Св.Наум од расфрлани ситни отпадоци“, информираат од ЈП Охридски комуналец.


