Затекнати 13 девојки  од странство, кои престојувале спротивно на целта  во угостителски објект во Охрид

Затекнати 13 девојки  од странство, кои престојувале спротивно на целта  во угостителски објект во Охрид. Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, извршени се претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид.

При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид,  биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и Северна Македонија. Во однос на затекнатите женски лица кои престојувале спротивно на целта ќе се отпочне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

-При спроведените полициски и истражни дејствија во трите угостителски објекти биле затекнати вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Р.Северна Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо“ калибар 4,5 мм. Во угостителскиот објект сопственост на И.И.(26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и Косово, како и ќеса со дрога. Во угостителскиот објект, сопственост на А.Џ.(26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и Северна Македонија, а пронајден е и пиштол, информираат од МВР.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани