Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2023 година изнесува
124 800, од кои 27.9 % се домашни туристи, а 72.1 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256 831, од кои 34.3 % се од домашните туристи, а 65.7 %
од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 21.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.5 %, а кај странските има зголемување за
40.3 %.
Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 10.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.5 %, а кај странските има зголемување за
24.7 %.