Претседателката на Инспекциски совет Даниела Рендевска заедно со членот Ресул Шемо во рамки на работната агенда насловена како „ИНФО денови со локалните инспекциски служби“ со денешната и вчерашната посети ги опфатија Општина Струга, Општина Вевчани, Општина Охрид и Општина Дебрца и остварија средби со градоначалниците.
Средба беше остварена со градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и секретарот на општината Александар Китески и градноначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски.

Во Струга средба беше остварена со раководителот на Инспекциската служба при Општина Струга.

-„На средбите со Општина Охрид и Општина Струга се разменија искуства во однос на примената на Законот за инспекциски надзор, како и продолжување и унапредување на соработката меѓу државните и општинските инспектори“, информираат од Инспекцискиот совет на Р СМ.
Општините Вевчани и Општина Дебрца немаат општински инспектори и во разговорите со нив беше ставен акцет на можностите за вработување на општински инспектори.
Инспекцискиот совет продолжува да остварува посети низ целата држава.
