ЈП Охридски Комуналец апелира до жителите на Пештани, да паркираат совесно за да може да се подигнува сметот.
Со цел навремено собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад се известуваат и замолуваат жителите на Пештани да не ги паркираат несоодветно возилата на улиците со што оневозможуваат возилата за собирање отпад благовремено го подигнат комуналниот отпад. Со тоа ќе се избегне лошата слика во однос на хигиената во Пештани, апелираат од ЈП Охридски Комуналец.