Кривична за Скопјанец поради коментар на Фејсбук.
-„СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, по објавен текст од еден портал поставен на социјалната мрежа „Фејсбук“, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
