Пливачкиот херој Марко Пејчиноски од Охрид денес го започна осмото препливување на Охридското езеро. Овој пат релацијата е Заум – Охрид во должина од 18 километри.
16-годишниот Марко зацрта ова лето десет пати да ја преплива оваа делница, со што ќе комплетира околу 250 километри вкупно.
Целта на ова момче – спортски херој е со личен пример да ги инспирира луѓето никогаш да не се откажуваат од нивните соништа, бидејќи како што порачува тој, сè е можно, со посветеност и истрајност.