Новогодишни пакетчиња за децата во здравствените и воспитните установи

Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиуите – СОС БАЛКАН МЕДИА  од Охрид   со поддршка на Општина Охрид , денеска  на големиот христијански празник Св. Никола ја организира традиционалната  хуманитарната акција на делење новогодишни пакетчиња.

Слатки подароци  беа доделени на згрижените деца  во Центарот   за аутизам во Општата Болница, Центар за лица со попреченост „Мојот Свет“ во Охрид, Центар за лица со попреченост  „Зраци“  како и ученици со телесен хендикеп во Општина Дебарца.

Во акцијата  десетта година по ред се  опфатени и дечињата кои се згрижени и се лекуваат во  Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Хуманитарната акција на СОС БАЛКАН МЕДИА од Охрид покрај од локалната влас е поддржана и од општествено одговорните компании  „СН  Финансиско друштво  ДОО“ и “ЈК Травел“ двете од Битола.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани