Осум години по убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид, убиецот- српскиот турист Бојан Угреновиќ од Кралјево се уште е на слобода.
Мајката на момчето кое беше претепано на смрт, после банална расправија во кафуле на Новогодишната ноќ 2016 година, бара правда. Вели, поминаа осум тешки години, исполнети со неизмерна болка и тага, а убиецот, кој е осуден на 16 години затвор е недостапен за органите на прогонот.
Таа, обвинува за низа пропусти во судскиот процес.
-„Убиецот Бојан Угреновиќ од Кралјево како што прочитав во предметот огласен за виновен за кривично дело убиство, по член 123 став 1. По пронаоѓањето осудениот ќе биде спроведен во затворот Прилеп. Казната застарува 30.10.2059 година“, вели Драгица Матилоска мајка на убиениот Димитар Маилоски.
Поради повторени судења, одлагања на судската расправа, во два наврати преполовување на казната од страна на Битолска апелација, измина законскиот рок за притвор, па така Угреновиќ во јули 2017 година беше пуштен да се брани од слобода, од тогаш му се губи секаква трага. Мегународна потерница беше распишана три години подоцна.
-„Го замолувам судскиот совет на мојата татковина да ја преиспита работата за убиството на мојот син Димитар Матилоски. Адвокатот на убиецот Дончо Наков успеа да го ослободи убиецот, а сите останати не успеаја убиецот да го стават во затвор“, вели Матилоска.
Со скршено срце и неизмерна тага, пензионираната учителка ја подготвува петтата книга Мојот живот после изгубен живот. Се заблагодарува на сите кои изминативе години и дале подддршка.
-,Многу му се заблагодарувам на д-р Митре Милошески кој даде точен наод Убиство, тој е неврохирург во коснозглобната болница. Бев и кја претседателот на основниот суд во Охрид Васил Баткоски тој ме прими многу добро и сочуствува со мојата болка и трагедија. Барам прием кај началникот на СВР Охрид прием и кај градоначалникот на Охрид, во негов мандат не се случи убоството, но сакам да поразговарам со неговиот правен тим, што тие ми предлагаат за понатаму“ додава Матилоска.
Убиецот е во бегство, но мајката не се откажува, бара дополнителна истрага и одговорност за сите пропусти направени во Основниот суд Охрид и Апелациониот суд Битола.
Димитар Матилоски беше претепан на смрт на Новогодишната прослава во Охрид во 2016 година.
Новинар Соња Рилковска