Пецаков оствари средба со шпанскиот амбасадор

Денес во работна посета на Општина Охрид престојуваше амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Н.Е. Хосе Луиз Лозано Гарсија. На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, шпанскиот амбасадор истакна дека денешната посета на Охрид е дел од економскиот карван на амбасадорот низ Македонија, каде се бараат можности за поблиска соработка со општините во земјава. Високиот дипломат ја истакна добрата соработка на шпанската компанија “ИДОМ“ со ЈП “Колекторски систем“, што резултира со грант од еден милион евра за изработка на физибилити студија. Амбасадорот изрази подготвеност да посредува во остварување на поблиски врски и збратимување на шпански град со Охрид, кој дели исто или слично природно и културно наследство.

Градоначалникот Пецаков ја изрази подготвеноста и отвореноста на Охрид за соработка, посебно во делот на заштитата на охридското природно и културно богатство и споделување на заедничи искуства од соработката со УНЕСКО.

На средбата беше договорено, шпанскиот амбасадор во блиска иднина повторно да го посети Охрид со својот економски тим, на која би се конкретизирале идните заеднички проекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани