Пештанец фатен при незаконит риболов.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 годишен жител на Пештани, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. На 08.12.2023 на влез од с.Пештани, на место викано „Круша“, бил забележан пријавениот со рибарски мрежи, улов од риби и риболовен алат, а по извршен претрес во неговиот дом биле пронајдени рибарски мрежи. Запленетиот улов е предаден на увид во ЈНУ „Хидробиолошки завод“ Охрид, стои во билтенот на МВР.