Охриѓанецот Љупчо Паункоски ја доби плакетата УНИКА за краткометражниот документарен филм „Киното Охридско Езеро“ на 31. издание на фестивалот „Манаки“.
На 31-то издание на интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ пристигнаа вкупно 45 филмови од 10 европски земји, според одлуката на стручното жири, 16 од нив влегоа во официјална конкуренција.
Со доделување на наградите,свечено беше отворен дводневниот фестивал на непрофесионален филм. Највисоката награда „Гран при“ во рацете на авторот Диме Талевски, за 14 минутниот филм „Повратникот“.
Традиционално како и секоја година, на фестивалот беа доделени и наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300, авторски награди за најдобра камера, монтажа, репортажа и режија и плакета на УНИКА за најдобар македонски филм.