Повреден охриѓанец во сообраќајка на ,,Јане Сандански “.
На 04.08.2022 во 11.45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Јане Сандански“ во Охрид, М.П.(59) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.