Пожар во поранешната управна зграда на охридската касарна.
На 05.08.2022 година во 19.45 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во една од собите на управната зграда на поранешна касарна „Михајло Апостолски“ во Охрид. Пожарот, во кој нема повредени лица, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.