Положено свежо цвеќе пред спомен обележјата на македонските револуционери

Делегација на Општина Охрид предводена од секретарот Александар Китески се поклони и положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк, по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

Цвеќе положија и охридските пратеници во Собранието на Р. Македонија, делегација од Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца и останати претставници од политичкиот и општествениот живот во градов.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани